Трет ден македонските ракометари се во Берлин, каде утревечер ќе го играат вториот натпревара Европскиот шампионат. Македонија за противник ќе ја има силната репрезентација на домаќинот Германија. 

Селекторот Кирил Лазаров по очекуваниот пораз од олимпискиот шампион Франција, истакна дека е задоволен од прикажаното, но не и од резултатот. Лазаров смета дека она што најмногу мора да се коригира е бројот на грешките во нападот.

„  Факт е дека против Франција изгубени топки на таа игра и нормално е Германците да го анализираат тоа. Добро е што имаме уште една опција во нашата игра и тоа е наш квалитет.

Се надевам дека против Германија нема да има потреба толку да играме многу 7 на 6.

Германците одиграа супер мотивирани против Швајцарија. Тие ќе играат со многу контакт и прекини. Мора да се подготвиме ментално. Мора  во нашиот напад да бидеме поефикасни “, изјави Лазаров на денешниот брифинг со новинарите.

Дуелот Македонија – Германија што ќе се игра во „Мерцедес бенц“ арената ќе почне во 20:30 часот.