Женската кадетска репрезентација на Македонија за кошаркарки до 16 години ја очекува настап на Балканските игри.

Од утре до 30  декември во Тарговиште, Романија, македонските кадетки ќе бидат дел од „Б“ групата на ова натпреварување. Во неа за противнички ќе ги имаат врсничките од Грција и вториот тим на домаќинот Романија

Во групата „А“, освен младите Романки ќе играат и репрезентациите на Молдавија и Бугарија.

Првиот натпревар македонските кадетки ќе го играат на 27 декември (среда) со почеток од 19.15 часот (по локално време) против Грција.

Наредниот ден (четврток), во исто време, ќе играат против репрезентацијата на Романија 2.

Во зависност од резултатите, односно од пласманот во групната фаза, на 29. декември (петок), следуваат и натпреварите кои ќе го дадат конечниот изглед на табелата.

Двете прво пласирани селекции ќе играат во финалето, второ рангираните за 3.место, а последно пласираните во групите за 5-тата позиција.