Реал Мадрид оваа сезона има големи проблеми со повреди на клучните играчи. Во моментов на листата се: Винисијус, Куртоа, Едер Милитао, Алаба, Карвахал, Камавинга, Менди и Гулер.

За проблемите да бидат поголеми касно е дека голманот Куртоа и стоперите Милитао и Алаба, нема да играат до крајот на сезоната, па Реал во јануари ќе мора да бара решение за одбранбената линија.

Како што објавува „Марка“,  Реал сакал да го ангажира Ејмерик Лапорте на позајмица до крајот на сезоната, но бил одбиен и од играчот и од клубот од Саудиска Арабија.

Шпанскиот репрезентативец во август се пресели во Ал Насри од Манчестер Сити. Сезонава одигра 20 натпревари за тимот на Кристијано Роналдо, постигна еден гол и забележа една асистенција.

Лапорте кариерата ја започна во нисколигашот Басконија, а потоа седум години го носеше дресот на Атлетик Билбао. За Манчестер Сити одигра 121 натпревар во периодот од 2018 до 2023 година.

Шпански репрезентативец е од 2021 година, иако ги помина сите помлади селекции на француската репрезентација.