Лина Ѓорческа календарската 2023-та ја завршува на 213-тата позиција на ВТА ранг листата.

Ѓорческа остана на 357 бода, како и минатата седмица. Сепак, благодарение на поразите на нејзините ривалки, тетовката бележи напредок од три места.

Ѓорческа и во конкуренција на двојки има напредок од три позиции и се наоѓа на 364.то место со 226 поени.

Лина се подготвува за она што и претстои, а тоа е нов настап квалификации за Австралија Опен што почнува на 14 јануари.

Во поединечна, Магдалена Стоилковска со 9 поени се наоѓа на 1208.то место и има пад од две места.