Лина Ѓорческа новата календарска година ќе ја стартува на Грен Слем турнирот Австралија Опен во Мелбурн.

Ова за Ѓорческа ќе биде втор настап на квалификациите на овој Грен Слем турнир.

Во 2017 година беше на чекор до пласман на главниот турнир бидејќи загуби во третото квалификациско коло од Стефани Вегел од Швајцарија со 2-1.

Ова за Ѓорческа ќе биде седми настап во квалификации на Грен Слем турнир. Тетовката зад себе има три настапи на УС Опен и по еден на Австралија Опен, Ролан Гарос и Вимблдон.

Квалификациите за првиот Грен Слем турнир почнуваат на 8 јануари, а турнирот стартува на 14 јануари.

Македонската тенисерка веднаш по Нова година ќе патува за Австралија.