Фудбалерите на Манчестер Сити се пласираа во финалето на Светското клупско првенство.

Во второто полуфинале на натпреварувањето што се одржува во Саудиска Арабија, европскиот првак ја совладаа јапонската Урава Редс со 3:0.

Во судиското надополнување на првото полувреме, Сити поведе. Откако Матеус Нунес упати остра топка во шеснаесетникот, а во желба да интервенира, Хоибратен ја погоди сопствената мрежа за 1:0.

На почетокот на вториот дел Сити постигна уште два гола и со тоа ги реши сите дилеми.

Во 52.минута Вокер мајсторски го пронајде Ковачиќ, кој влезе низ средината и рутински погоди за 2:0.

Само седум минути подоцна минута погоди и Бернардо Силва за конечни 3:0.

Така во финалето закажано за во петок за трофејот ќе се борат европскиот шампион Манчестер Сити и јужноамериканскиот Флуминенсе.