Екипа на Лајпциг освои само бод на гостувањето во Бремен. Во натпреварот од 16.коло на Бундес лигата Вердер и Лајпциг одиграа 1-1. 

Домаќините со храбра игра успеаја да освојат бод иако гостите ја имаа улогата на апсолутен фаворит.

 Лајпциг прв постигнаа гол и тоа во 41. минута, но погодокот на Поулсен беше поништен поради офсајд.

Сепак, немаше грешки на почетокот на второто полувреме кога Лоис Опенда успеа да ја затресе мрежата на Сетере од третиот обид за водство од 1-0.

Се чинеше дека „биковите“ ќе ја оправда улогата на фаворит, но така не мислеше Џастин Њинма, кој постигна одличен гол во 75. минута за израмнување на Вердер и со тоа го постави конечниот резултат.

Вердер го освои 16 бод и се наоѓа на 13.место на табелата, додека Лајпциг е трет во Бундеслигата со 33 бода.

Standings provided by Sofascore