Македонскиот првак Еурофарм Пелистер вечерва пред својата публика ќе го одигра осмиот натпревар во Лигата на шампионите. Вечерва во Битола гостува унгарскиот ПИК Сегед.

Битолчани досега немаа можност да се израдуваат барем на нерешен резултатот. Пелистерци ги загубија сите досегашни седум дуели во елитното натпреварување.

Тешко е да се поверува дека и вечерва ќе биде поинаку но, спортски е да се надеваат.

Велат надежта последна умира, сепак само со надеж и желба резултат нема, туку ќе мора да се одигра многу квалитетно. Првото полувреме од гостувањето во Унгарија треба да биде репер како зелено-белите треба да играат но, во текот на целиот меч.

ПИК Сегед е тим кој знаеше и умееше како да го казни тоа во второто почувреме, па на крајот заслужено победи (34-26).

Грешките од тој меч веројатно нема да се повторат, па само така Пелистер може да се надева на позитивен резултат.

Но, дали сето тоа ќе се оствари останува да видиме по натпреварот што ќе почне од 18.45 часот.