Во НБА лигата ноќеска беа одиграни пет натпревари од НБА купот или „плеј-ин сезоната“. 

Натпреварот меѓу Атланта и Индијана беше најефикасниот, а им припадна на Пејсерски со 157:152. 

Тајрис Халибартон ја предводеше Индијана со 37 поени и 16 асистенции, Бади Хилд додаде 24 поени, а Оби Топин 21 поен. За Хокс, Треј Јанг постигна 38 поени со осум асистенции. Со оваа победа Пејсерси се пласираа во четвртфиналето во сезоната.

 

Тимот на Лос Анџелес Лејкерси беше подобар од Јута на својот паркет, а мечот го одбележа легендарниот Леброн Џејмс. Иако постигна за него скромни 17 поени, Леброн ја мина граница од 39.000 поени во кариерата. Со тоа стана првиот играч во историјата кој ја минат таа граница. Сега Џејмс има 39.012 поени.

 

 

На останатите натпревари.

Кевин Дурант со 31 поен и 9 асистенции го предводеше Феникс до победа над Портланд со  120-107/

Кливленд по продолжение ја совлада Филаделфија со 122-119. Торонто остануваат без победа на турнирот откако загуби од Орландо со 107-126.