Познати се полуфиналните двојки на завршниот АТП Мастер што се игра во Торино.

Ова откако попладнево во претпоследниот меч од групата 2, Карлос Алкараз го совлада Данил Медведев со 6-4 и 6-4. Со оваа победа Шпанецот кој е втор на АТП листата го освои 1.место, а воедно закажа полуфинале со светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ.

Утрешниот дуел меѓу Шпанецот и Србинот кои во моментов се најдобрите во светот на некој начин е финале пред финалето. Така само победникот од нивната петта меѓусебна пресметка в недека ќе игра во големото финале.

А, кој ќе биде вториот финалист ќе дознаеме по полуфиналето број 2.  Во него домашниот фаворит Италијанецот, Јаник Синер за противник ќе го има Данил Медведев.