Македонската фудбалска репрезентација за помалку од два часа ќе го започне претпоследниот натпревар во квалификациите за ЕП 2024-та во Германија.

Македонија гостува во Рим на легендарниот „Олимпико“ кај актуелниот европски шампион Италија.

Според информациите од „вечниот град“ над 1.500 македонци ќе ги бодрат напите фудбалери во уште еден обид за позитивен резултат против Азурите.

„Фалангата“ веќе се загрева, но ќе има тешка задача да ја „надјача“ домашната публика.