Македонската тенисерка Лина Ѓорческа направи скок на најновата ранг листа. Лина сега со 421 поен се наоѓа на 178.то место односно има напредок од 11 позиции.

Ѓорческа претходната недела ја заврши со настап во полуфиналето на фјучрсот во Ираклион каде освои 25 поени. Лина во конкуренција на двојки има пад за едно место односно се наоѓа на 327.то место со 256 поени.

По едена недела пауза Ѓорческа е пријавена за настап на фјучрсот во Валенсија што стартува на 20.ноември.

Втората македонска тенисерка со ранг на ВТА Магдалена Стоилковска има скок за 8 места и сега е рангирана на 1223-то место со 8 поени. Во конкуренција на двојки и таа има пад за едно место и со 6 поени се наоѓа на 1472.то место.