Богата со натпревари беше ноќта зад нас кога во прашање е НБА лигата. 

Уште една брилијантна партија имаа Балканците, Јокиќ и Дончиќ, но вечерта индивидуално, мина во знакот на кошаркарот на Филаделфија, Трајс Макси. Тој натпреварот го заврши со рекордни за него 50 постигнати поени во победата над Сиксерси над Индијана со 137:126.

Џоел Ембид додаде 37 поени за осма победа на Филаделфија која сега има скор 8-1.  Ова е најдобар старт за Филаделфија од 2000 година, сезона кога Ален Ајверсон ги доведе до финалето.

 

Никола Јокиќ повторно имаше трип-дабл. Србинот постигна 36 поени, имаше 21 скок и 11 асистенции, но шампионот Денвер загуби од Хјустон 104-107. Ова е втор пораз сезонава на Нагетси во десеттиот натпревар. 

Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг го предводеа Далас до нов триумф и тоа на гостувањето кај Њу Орлеанс со 136-124. Словенецот имаше учинок од 30 поени, 9 асистенции и 4 скока, а Кајри заврши со 35 поени, 7 асистенции и 6 скокови. 

Резултати:
Њујорк – Шарлот 129:107
Бруклин – Вашингтон 102:94
ЛА Клиперс – Мемфис 101:105
Филаделфија – Индијана 137:126
Чикаго – Детроит 119:108
Хјустон – Денвер 107:104
Њу Орлеанс – Далас 107:104 
Феникс – Оклахома 99:111
Голден Стејт – Минесота 110:116
ЛА Лејкерс – Портланд 116:110
Голден Стејт – Минесота 110:116