Двете македонски тенисерки кои се наоѓаат на ВТА листата имаат минимални промени.

Во поединечна конкуренција Лина Ѓорческа се наоѓа на 187.место (пад за една позиција) со 399 поени. Во конкуренција на двојки има пад за четири места и сега е на 318-то место со 256 поени.

Магдалена Стоилковска во сингл е на 1228-то место со 8 поени и скок од шест места. Во конкуренција на двојки има скок од четири места и се наоѓа на 1463.то место со 6 поени.