Најнеизвесниот натпревар ноќеска во НБА лигата се одигра во Сакраменто каде „Кингси“ по продолжение го совладаа ЛА Лејкерс со 132-127. 

Малик Монк го предводеше домаќините до овој триумф, постигнувајќи 11 од своите 22 поени во дополнителните пет минути,  а му асистираше на Кевин Хертер за клучната тројка и победата.

Сакраменто му ја расипа вечерта на Леброн Џејмс кој ја прославување  20-годишнината од првиот НБА натпревар. Тоа беше на 29 октомври 2003 година и тоа кога дебитираше на гостувањето кај Сакраменто, а исход како ноќеска остана ист.

Втората сезонска победа ја остварија кошаркарите на Голден Стејт кои на гостински терен го победија Хјустон со резултат 106:95. Домашната екипа на тој начин остана една од трите екипи на Западот без победа по три одиграни натпревари.

Стеф Кари ги предводеше „Вориорси“ со 24 поени, 7 скока и 6 асистенции. Џејлен Грин беше најдобар во редовите на Хјустон со 21 поен и девет скока.

До втората победа стигна и тимот ЛA Клиперс кој славеше во Сан Антонио кај „Спарси“ со 123:83. Седум играчи постигнаа двоцифрен број на поени за победничката екипа, а најдобар беше Кави Ленард со 21 поен.

На останатите два натпревари, Треј Јанг со дабл-дабл 20 поени и 11 асистенции донесе победа на Атланта на гости кај Милвоки со 127-110.

Филаделфија беше убедлива во дуелот со Портланд со 126:98. Џоел Ембиид натпреварот го заврши со со 35 поени, 15 скока, 7 асистенции и 6 блокади.