Јаник Синер е вториот тенисер кој обезбеди пласман на АТП турнири во Пекинг, Кина.

Во вториот полуфинален дуел Италијанецот, го совлада првиот носител на турнирот, втор во светот, во два сета (2:0).

Иако Шпанецот стартуваше со бреј а потоа поведе и со 2-0, сепак тоа не беше доволно да го освои првиот сет.

Во продолжението Алкараз загуби два гема, а Синер еден на свој сервис, па се играше тај-брејк. Во него подобар беше Италијанецот и го доби со 7-4 на поени за водство од 1-0 во сетови.

Во вториот Шпанецот одигра очајно. Освои само еден гем, а загуби три на свој сервис, па Синер го доби лесно и убедливо со 1-6.

Италијанецот во финалето за противник ќе го има Данил Медведев кој во првото полуфинале беше подобар од Зверев.