Рускиот тенисер Данил Медведев е првиот финалист на АТП турнирот во Пекинг, Кина.

Русинот, во два сета подобар од Германецот, Александар Зверев со 6:4 и 6:3.

По еден брејк во двата сета беше доволен за победа на Медведев.

До првиот стигна во десеттиот гем од првиот сет. При водство од 5:4 Медведев го доби гемот на сервис на Германецот и со тоа поведе со 1:0 во сетови.

Решавачки во вториот сет беше осмиот гем кога Медведев уште еднаш му го одзеде сервисот на ривалот, поведе со 5:3 и рутински сервираше за триумф.

Противник на Данило Медведев за пехарот во Пекинг ќе биде подобриот од мечот меѓу Карлос Алкараз и Јаник Синер.