Македонската кошаркарска федерација (МКФ) добива два члена во натпреварувачките комисии во ФИБА.

Претседателот Перо Антиќ и генералниот секретар Владимир Георгиевски, ќе бидат дел од  натпреварувачките комисии на ФИБА и ФИБА Европа.

Првиот човек на мак-баскетот е назначен за член на комисијата за натпревари на светската организација, додека првиот оперативец во комисија на ФИБА Европа.

Натпреварувачката комисија на ФИБА ќе биде составена од четири поткомисии: (машки репрезентации, женски национални тимови, младински репрезентации и клупски натпревари).

Комисиите на ФИБА имаат мандат од четири години.