Останува само уште едн меч на УС Опен, последниот турнир од „големата четворка“ на Грен слем сиријата.

Вечерва од 22 часот ќе се игра машкото финале. За трофејот ќе се борат Новак Ѓоковиќ и Данил Медведев.

Тоа практично ќе биде реприза на финалето од пред две години. Тогаш Русинот славеше победа и за прв пат во кариерата триумфираше во Њу Јорк.

Ѓоковиќ сега ќе атакува на четврта титула на УС Опен на кој победи 2011, 2015 и 2018.

Воедно Србинот го брка рекордот на 24-титули на Гренд слем турнирите, со што ќе се израмни со рекордот на Маргарет Корт.