Тенискиот свет очекуваше уште една епска пресметка меѓу Ѓоковиќ и Алкараз, но Медведев е тенисерот кој ги смени плановите.

Русинот ќе биде противник на Србинот во финалето на последниот Гренд слем годинава, УС Опен.

Данил Медведев го победи бранителот на титулата и прв носител Карлос Алкараз со 3-1 во сетови (7:6, 6:1, 3:6, 6:3)

Така Медведев ги расипа плановите и очекувањата на тениската публика, па утре Данил, а не Карлос ќе биде противник на Новак во борбата за трофејот.

Последен пат Ѓоковиќ и Медведев се сретнаа на УС Опен во финалето во 2021 година. Тогаш Русинот победи и ја освои единствената титула на тој турнир, што е и единствена негова во кариерата.

Ѓоковиќ пак утре ќе ја брка својата четврта титула во Њу Јорк, а вкупно 24-та на Грен слем турнирите, со која би го израмнил досегашниот индивидуален рекорд на Маргарет Корт.