Новак Ѓоковиќ очекувано е првиот финалист на последниот годинешен  Гренд слем турнир УС опен. 

Во својот јубилеен 100-ти меч во Њу Јорк, Ѓоковиќ стигна до 10-то финале, а вкупно 36-то во кариерата.

Србинот славеше над 16-години помладиот Американец, Бен Шелтон во три сета (3:0). 

Во мечот што траеше 2 часа и 42 минути, топ фаворитот Ѓоковиќ брзо и лесно ги доби првите два. 

 Првиот траеше само 32.минути, а Ѓоковиќ го доби со 6-3. Иако во вториот му препушти гем помалку (6-2), сепак тој сет траеше подолго (44.минути).

Во третиот сет. При водство на Ѓоковиќ од 4-2, младиот Американци зема три гема во низа, со што најави дека сетот ќе потрае. Така и беше. Победникот беше решен во тај-брејкот кој Новак го доби со 7-4 на поени. 

Така Ѓоковиќ се избори за своето 47-мо финале на турнирите од „големата четворка“. 

36-годишниот рекордер во титули освоени на Гренд слем турнирите (вкупно 23), сега ќе го чека исходот од второто полуфинале, да дознае кој ќе му биде противник на патот до четвртиот трофеј (2011, 2015 и 2018). 

Во него од 1 часот ќе играат првиот носител Шпанецот, Карлос Алкараз и трето рангираниот Данил Медведев од Русија.