Репрезентацијата на Бразил со убедлива победа над Боливија 5-1, ги почна квалификациите за Светското првенство 2026-та.
Иако го започна натпреварот со промашен пенал во 17.минута, Нејмар подоцна постигна два гола. Со нив тој го сруши рекордот на легендарниот Пеле.
Со нив Нејмар сега има 79 гола во дресот на Кариоките, еден повеќе од Пеле.
Покрај Нејмар, два гола постигна и Родриго, а во листата на стрелци се впиша и Рафиња.
Во вториот натпревар од оваа, прва рунда квалификации, Уругвај го победи Чиле со 3:1.
На легендарниот стадион „Сентенарио“ во Монтевидео, двоен стрелец беше фудбалерот на Ривер Плата, Николас де ла Круз (38 и 71 минута), а Феде Валверде постига еден.
Голот за Чиле го постигна искусниот Артуро Видал во 74-тата минута.




































