На меѓународниот турнир „Крсте Андоновски – Усташ“, се одиграа првите два натпревари од последното коло по групи.

Екипите на Олимпијакос и Татран Прешов беа поуспешни од македонските претставници Голден Арт и Бутел Скопје.

Во натпреварот од „А“ групата грчкиот тим Олимпијакос ја потврди фаворитската улога со победата над Голден Арт. Но, до неа грчкиот состав стигна многу потешко отколку што очекуваше. Ракометарите на Голден Арт покажаа карактер и голема борбеност, а во игра беа до самата завршница, во кој Олимпијакос со два гола во низа ја завери победата со конечни 28-26.

Олимпијакос го потврди првото место, додека Голден Арт ќе заври како четврто рангиран во оваа група. Скопскиот тим за противник во дуелот за 7-место во конечниот поредок  најверојатно ќе ја има екипата на Металопластика. Српскиот состав е аутсајдер во дуелот со македонскиот шампион Еурофарм Пелистер, натпревар што ќе започне од 18 часот.

Пелистерци како прворангирани од „Б“ групата ќе играат во финалето со Олимпијакос, додека како второ пласиран во оваа група завршува Татран Прешов. Словачката екипа го победи Бутел Скопје со 32-25 во директниот дуел за втората позиција.

Сега Татран ќе го чека исходот од последниот натпревар во кој за 2.место во „А“ групата вечерва (20.15 ч.) ќе играат домаќинот Охрид и турскиот Бешикташ.

Натпреварите од попладневната и вечерната програма можете да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.