Фудбалерите на тетовска Шкендија ја оправда улогата на фаворит во дуелот против фенерџијата Скопје. Во натпреварот од 10.коло во ПМФЛ, одигран попладнево на автокоманда, Шкендија славеше победа со 1:3.

Гостинскиот состав уште воведните 10 минути создаде два голови предност. Веќе во втората тетовци поведоа со голот на Красниќи, а за водство од 0:2 се погрижи Димовски во деветтата минута. Во самиот финиш на првиот дел (44.минута) домаќините успеаја да ја намалат негативата. По една гужва во шеснаесетникот на Шкендија најдобро се снајде Ангеловски и намали на 1:2.

Во второто полувреме тетовци го наметнаа своето темпо. Тоа резултираше со нов гол во 52.минута, кога Тамба ја врати предноста од два гола (1:3). 
Во 73.минута беше досудена најстрога казна на тетовци. Сепак, Бесарт Ибраими, кој неколку минути претходно влезе во игра, биеше лошо крај голот на Наумовски.

До крајот на натпреварот немаше промена на резултатот, па Шкендија впишан нови три бодови со кои се врати на врвот на табелата. Зад тетовскиот клуб се Струга Трим Лум и Вардар кој имаат по три бода помалку. Скопје и по 10 одигра кола се уште се нема израдувано на победа, па затоа е на последното место на табелата.

Распоред

Се вчитуваат резултатите...

Табела

# Екипа ОН П Н Пр ГР Б
Лига шампиони
Конференциска лига
Бараж за опстанок
Испаѓање