Македонската кошаркарска репрезентација во вторник ќе ги дознае противниците во квалификациите за Евробаскетот 2025 година.

Со комплетирањето на последната рунда од пред-квалификациите, познати се сите учесници во главната квалификациска рунда. Преку последниот круг на претквалификации учество обезбедија Хрватска, Бугарија и Словачка.

Македонија е меѓу 32-те селекции кои ќе бидат поделени во 8 групи, а кои ќе бркаат пласман на ЕП. И домаќините на шампионатот, Кипар, Финска, Полска и Летонија ќе играат во квалификациите. 

Останатите селекции се: Белгија, Босна и Херцеговина, Чешка, Естонија, Франција, Грузија, Германија, Велика Британија, Грција, Унгарија, Летонија, Литванија, Црна Гора, Холандија, Португалија, Исланд, Србија, Словенија, Шпанија, Шведска, Турција и Украина.

Утре ќе бидат објавени „шеширите“ од кои во вторник (11.30 часот) во Минхен ќе биде извршена ждрепката.  

Квалификациите ќе се играат во три „прозори“ и тоа од 19-27 февруари 2024, 18-26 ноември 2024 и 17-25 февруари 2025 година.

Пласман на шампионатот ќе се одржи од 27 август до 14 септември 2025 година, ќе обезбедат по три селекции од групите. Исклучок ќе бидат групите во кои ќе бидат домаќините. Од нив на Евробаскетот ќе патуваат двете прво рангирани и домаќините на првенството.