Осминафиналето на Вимблдон меѓу Новак Ѓоковиќ и Хуберт Хуркач е прекинато и ќе се доигра утре.

Бидејќи Лондон може да се игра до 23 часот, а долгите мечеви кои се играа на Централниот терен, беа причината за доцното почнување на мечот, како и самиот тек на истиот, организаторот беше принуден да го прекине и продолжението да го закаже за утре.

Прекинот добро ќе му дојде пред се на вториот носител Ѓоковиќ којдо предноста од 2:0 во сетови се изнамачи играчки 1 ас и 49 минути, а двата ги доби во тај-брејкот. 

Хурјач сервираше одлично и направи дури 24 аса, но тоа не беше доволно да освои сет. Во двата сета еден од тенисерите од тенисерите не успеаја да направи брејк. Полјакот во тај-брејкот број 1 имаше и предност од 6-3 и три сет топки, но Новак освои пет поени во низа и го доби со 8-6.

И во вториот иста слика и потполно идентичен резултат 7-6 во гемови и 8-6 на поени во тај-брејкот за Ѓоковиќ, кому сега му треба само уште еден сет да се пласира во четврт-финалето. 

Нивниот дуел ќе продолжи утре во текот на денот, а распоредот (почетокот на мечот), организаторот ќе биде објави подоцна.