Ига Швјонтек и Елена Свитолина по голема борба со своите противнички обезбедија пласман во четврт-финалето на Вимблдон.

На првата фаворитка Ига Швјонтек и 3 часа и 4 минути да ја победи Белинда Бенчиќ од Швајцарија, со 2:1 по сетови 6-7(4-7), 7-6(7-2) и 6-3.

„Војната“ за четвртфиналето во Лондон, ја продолжија Елена Свитолина и Викторија Азаренка, а по 2 часа и 49 минути игра исто така со 2:1 по сетови 6-4, 4-6 и 7-6(11-9), мечот и припадна на Украинката, а белоруската тенисерка како и на почетокот така и на крајот одби да се ракува со противничката.

Така во четврт-финалето го добивме и вториот пар, Швјонтек – Ситолина, додека претходно дуел за место по полуфиналето закажаа Џесика Пегула и Маркета Вондрушова.

Утре ќе се играат преостанатите четири дуело од осмина-финалната рунда кај дамите.