Македонската машка млада репрезентација на одбојкари до 17 години со победа го заврши својот настап на Балканското првенство чиј домаќин е Тирана.

Во својот последен меч на првенството, а за пласман на 5-тото место македонските одбојкари ја совладаа домашната селекција на Албанија со 3:1 во сетови.

Очигледно дека поразот од истата репрезентација на стартот на првенството, бил само лош настап од почетната трема, избраниците на селекторот Ванче Санев денеска потврдија дека се далеку по конкурентни од нивните албански врсници.

Црвено-жолтите до триумфот стигнаа добивајќи го првиот сет со 25-19, додека во вториот домаќините беа подобри (20-25). Сепак во третиот сет Македонија доминираше и на противникот му препушти само три поени (25-13), за мечот да го доведе со крај добивајќи го четвртиот сет со сигурни 25-20.

Така младите македонски одбојкари си две победи и три порази завршија како петто рангирани на првенството на кое зад нив ги оставија врсниците од Албанија и Црна Гора, селекции над кои славеа победи.