Младите македонски ракометарки денес го одигра последниот натпревар од групата Д на Европското првенство за девојки до 19 години што се одржува во Романија. Македонија загуби од репрезентацијата на Чешка со 24:29.

Натпреварот стартуваше со по еден погодок од двете страни, по што следеше серија од 2-0 за репрезентацијата на Чешка. Црвено-жолтите, во 10-тата минута, израмнија на 3-3. Чешка повторно успеа да создаде минимална предност од +2, тие само ја зголемуваа разликата, па во 20-тата минута имаа +4 (11:7). Нашите младинки не се откажаа, па со серија од 5-0 израмнија, па потоа и поведоа со 12:11. На полувреме, резултатот беше 13:12 за нашата репрезентација.

Во втората половина, Чешка со серија 3-0 успеа да израмни, а потоа и поведе со 15:13. Чешките репрезентативки ја зголемуваа предноста, па во 12-тата минута поведоа со 20:16. Тие успешно ја одржуваа разликата до крајот, а резултат беше 24:29.

Најефикасни од нашата репрезентација беа Сара Стефаноска и Марија Јанковска со пет погодоци, додека Борјана Коцева имаше постигнато три гола.

Двете репрезентации сега ќе ги чекаат исходите од натпреварите од Ц групата, по кои ќе се знаат двете селекции против кои ќе играат во втората фаза на првенството, за пласман од од 9 до 16 место. 

Следува два дена пауза, па во среда (12 јули) продолжуваат натпреварите во новоформираната група. 

Ивона Кимовска