Европската фудбалска федерација (УЕФА) и челниците на Јувентус постигнаа договор, италијанскиот клуб следната сезона да не игра во европските натпреварувања, објави денеска весникот „Кориере дело спорт“.

Италијанскиот весник тврди дека Јувентус побарал, а УЕФА прифатила клубот да биде исфрлен од Конференциската лига следната сезона.

Од Торино побараа сега да бидат казнети за да немаат проблеми да играат во Лигата на шампионите во сезоната 2024/25, под услов да бидат меѓу четирите првопласирани клубови во Серија А.

УЕФА размислуваше за казна за Јувентус поради кршење на финансискиот фер-плеј, а во Торино стравуваа дека може да биде строга, па се решија и избегнаа потешки санкции.

Јувентус, се додава во текстот, ќе ја замени Фиорентина во Конференциската лига, која минатата сезона заврши на осмото место во Серија А, а неодамна играше во финалето на тоа натпреварување во кое беше поразен од Вест Хем.