По трите убедливи порази женската јуниорска репрезентација на Македонија за кошаркарки од 18 години, денеска има шанса конечно за победа. 

На Европското првенство, дивизија Б, што се одржува во Софија, младите македонски кошаркарки попладнево го играат четвртиот, воедно и последен натпревар од групната фаза. 

Во дуел од 5.коло на А групата Македонија за противник ќе ја има селекцијата на Данска. И младите дански кошаркарки како и нашите досега претрпеа три убедливи порази, па според резултатите, овие две селекции се на исто рамниште.

Но, дали нашите јуниорки се подобри тоа ќе го видиме по натпреварот што ќе започне од 17 часот, а ќе можете да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.

Без разлика на исходот, двете селекции и завршат на последните две места на табелата, а со тоа ќе играат во ново формираната Е група, за пласман од 9 до 18 место.