Струмичката екипа АК Брера информира дека и во наредните три сезони ќе двајца млади фудбалери остануваат дел од тимот. Имено 21 годишниот Ѓеоргије Јанкулов кој игра на десната бековска позиција како и 18 годишниот Мартин Ѓоргиевски ја продолжија верноста во струмичката екипа до јуни 2026 година.

Станува збор за двајца млади фудбалери кои одлично се вклопија во нашиот клуб и прва екипа.

Јанкулов во струмичкиот прволигаш дојде во втората половина на последната натпреварувачка сезона и одигра вкупно 13 меча при што имаше 5 асистенции за гол.

18 годишниот Мартин Ѓеоргиевски е дете на младинската школа на струмичани, а во последната натпреварувачка сезона има одиграно вкупно 19 натпревари при што двапати се запиша како стрелец на дуелите против Шкендија и Победа. Тој е дел и од македонските младински репрезентации.