Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го доби вториот сингл дуел во дуелот со Финска против Анастасија Куликова со 2-1 во сетови (26 62 64) и со тоа македонските тенисерки го изедначија резултатот против носителот во групата на 1:1 и победникот ќе биде решен по мечот во двојки. До победата на Ѓорческа и беа потребни 2 часа и 14 минути игра, во која двете тенисерки имаа свои моменти и тактичко надмудрување.

Првиот го доби Куликова со 6:2 во гемови, иако Ѓорческа поведе со 1:0, потпа следуваше серија од пет гема на финската тенисерка која сетот го заврши со добра игра. Нашата тенисерка направи седум двојки сервис грешки во првиот сет или половина од целиот тек на мечот.

Во вториот сет сликата на теренот се смени. Ѓорческа доминира, противничката грешки се почесто и има нервоза во нејзината игра. Ѓорческа поведе со 4:0, а при водството на нашата тенисерка од 5:1 се играше најдолгиот гем во мечот. Гемот траше 28 поени, а нашата тенисерка имаше три брејк топки кои не ги искористи.

Во решавачкиот сет се играше гем за гем и секоја од тенисерките го освојуваше својот сервис. При резултат 2:2 во гемови Ѓорческа испушти четири брејк топки, но во следниот гем на свпој сервис имаше три аса. Решавачки беше 9.тиот гем кога Ѓорческа направи брејк, иако противничката водеше со 40-15, но потоа следуваа четири поени за нашата тенисерка која поведе со 5:4. Следуваше продолжување на низата со утше четири поени за конечен триумф во мечот.

Во првиот меч Магдалена Стоилковска загуби со 2-0 во сетови од Лаура Хиетаранта.

Во мечот на двојки за Македонија ќе играат Ѓорческа и Стоилковска, додека Финска ги замени тенисерките и ќе играат Куликова и Хиетаранта, место пријавените Ела Хаависто и Стела Ремандер.