Преговорите траеја онолку колку што требаше и беа завршени денеска, па Матео Ковачиќ од Челзи ќе се пресели во Манчестер Сити за трансфер од 30 милиони фунти.

Уште пред да ја освои Лигата на шампионите, менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола побара хрватскиот репрезентативец да биде доведен како замена за Илкај Гундоган. Личните услови беа договорени пред две недели, но Челзи не беше толку тежок преговарач.

„Сините“ прво побараа 40 милиони фунти, но на крајот се согласија на 30 милиони со плус бонуси. Ковачиќ малку одмора по финалето од УЕФА Лигата на нации, но во наредните денови се очекува да биде во Манчестер на лекарски прегледи и потпишувањето на договорот.

Ковачиќ по одличните игри во Динамо Загреб, во 2013-тата година беше продаден на Интер за 11 милиони евра, а две години подоцна Реал Мадрид за него плати 38 милиони евра.

По одличната сезона на позајмица, Челзи го купи од Реал во 2019-тата година за 45 милиони евра и по четири сезони го препродаде за слична сума. Ковачиќ за Хрватска веќе одигра 95 натпревари во кои постигна пет погодоци.