Македонскиот атлетичар, Андреас Трајковски, го освои првото место во скок во далечина  на Европскот екипно првенство во Полска, со скок од 7.73 метри.

Трајковски својот најдобар скок, 7.73 метри, го оствари во неговиот втор обид. Со првото место Андреас освои максимални 15 поени за атлетската репрезентација на Македонија, кои ќе влезат во генералното бодување на сите држави учеснички во оваа дивизија.

Покрај Андреас Трајковски, на пиедесталот се најдоа Ишаи Ифраимов од Израел, кој го освои второто место со скок од 7.70 метри, додека пак третото место му припадна на Мухамет Кангели од Албанија со скок од 7.36 метри.

Резултатот на Андреас е за само 6 сантиметри пократок од државниот рекорд кој е во негова сопственост.