Македонскиот тенисер Горазд Србљак го заврши настапот на фјучрсот Скопје 25 откако денеска во второто коло загуби од Ерги Киркин од Турција (5.носител) со 2-0 во сетови (61 63) за 1 час и 44 минути игра. За пласманот во второто коло Србљак се избори и за еден АТП поен.

Првиот Киркин имаше максимална контрола во сетот кој заврши со 6:1 во гемови, но противникот на Србљак направи минимален број на грешки. Во вториот сет имаше нешто повеќе неизвесност иако сетот заврши со резултат 6:3 за Киркин. Македонскиот тенисер поведе со 2:1 откако направи брејк, но Киркин веднаш го врати загубениот гем на свој сервис и изедначи на 2:2. Воедно со тоа и почна серијата од четири гема во низа за водство од 5:2. Притоа при резултат 3:2 за Киркин, Србљак на свој сервис испушти водство од 40-15.  До крајот на сетот Србљак освои уште еден гем, но немаше можност за пресврт.

Во четвртфиналето утре Киркин ќе игра против првиот носител Миљан Зекиќ од Србија, кој со 2-0 во сетови (63 60) го победи квалификантот Нини Габриел Дика од Романија.