Долго очекуваното засилување на Ливерпул, Алексис МекАлистер официјлано стави потпис на договорот со Црвените.

Алексис Мек Алистер се очекува да биде големо засилување за тимот на Јирген Клоп, ако се земе предвид дека Аргентинецот одигра феноменално светско првенство со Аргентина а беше и еден од главните виновници што сега веќе неговиот поранешен клуб, Брајтон избори место во Европа.

24 годишниот Аргентинец не го криеше задоволството од официјализирањето на трансферот, и посочи дека Ливерпул е исполнување на сонот.

„Чувството е неверојатно, исполнување на сонот. Навистина е одлично што сум тука. Сакав да сум присутен уште на првиот ден во претсезоната, па добро е што трансферот е комплетиран“, искоментира Аргентинецот

Ливерпул за трансферот на Мек Алистер ќе му испати на Брајтон 40 милиони фунти, па ако се земе предвид како денес се прават трансфери и колку се плаќаат играчите, може слободно да се каже дека Црвените направија одлична работа