Светскиот рекет број 1, Карлос Алкараз и екс првиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе играат во полуфиналето  на Гренд слемот во Париз. 

Двајцата најголеми фаворити за трофејот на Роланд Гарос, го потврдија приматот со четвртфиналните победи, па во петок ќе се сретнат во меч од поли-финалната рунда.

Откако прво Новак со го совлада Хачанов (3-1), тоа го стоти и младиот Шпанец, Алкараз кој го збриша Гркот, Стефанос Циципас во три сета 3-0 (6:2, 6:1, 7:6) за само два часа и 16 минути игра.

Алкараз ја потврди својата фантастична форма, па Ѓоковиќ сега ќе мора да го игра својот најдобар меч сезонава, доколку сака да го запре младиот Шпанец, и Србинот да влезе во борба за 23-тиот Грен слем трофеј во кариерата.

Мега полуфиналната пресметка е закажана за во петок од 15 часот.