Новак Ѓоковиќ е првиот тенисер што обезбеди пласман во полуфиналето на Грен слемот во Париз.

Во првиот четвртфинален дуел на Роланд Гарос, српскиот тенисер по голема борба и во меч што траеше 3 часа и 43 минути со 3:1 во сетови го доби Карен Кахчанов.

Русинот го доби првиот сет со 6-4, а вториот го загуби во тај-брејкот со 7-0 на поени. Во третиот Ѓоковиќ кој е втор фаворит во Париз го подигна нивото, па релативно полесно го доби сетот со 6-2.

Русинот не се предаваше и во четвртиот сет се водеше голема битка во кој го видовме и најубавиот поен (ВИДЕО). И тој сет му припадна на Новак со 6-4, за конечни 3:1 во сетови и пласман во финалето.

А, во него, Ѓоковиќ ќе игра со победникот од дуелот меѓу фаворитот број 1 Карлос Алкараз од Шпанија и Гркот, Стефанос Циципас, меч што треба да започне од 20 часот и 15 минути.