Екипата на Вест Хем чека речиси половина век на нов трофеј од европските купови. Таа можност популарните „чекани“ ќе ја имаат вечерва во финалето со Фиорентина во Конференциската лига.

Најдобриот стрелец на тимот од Лондон, 33-годишниот Мајкл Антонио смета дека неговиот тим е позрел за горкото искуство што го имаа лани во полуфиналето во Лигата на Европа во кое беа елиминирани од Ајнтрахт.

„Ова е огромна работа. Тимот не бил во финале 47 години, па затоа сметам дека ова е веројатно најголемата работа со која сум бил вклучен во мојот живот. Повеќето луѓе сакаат да се пензионираат со признанија и ова е голема можност за мене да го направам тоа“, изјави Антонио.

Одличниот напаѓач кој во ова натпреварување постигна шест гола, верува дека неговиот тим ќе победи во вечерашното финале.

„Минатата година направивме неколку грешки поради кои загубивме во полуфинале. Сезона ва научивме од грешките и решивме дека тоа нема да се повтори. Секогаш верувавме дека имаме способност да стигнеме до финалето и да го добиеме“, заклучи Антонио. 

Ги научиле ли грешките „чеканите“ ќе видиме во финалниот меч со „виолетовите“ што ќе започне од 21 часот.

Во продолжемие може да ги видите сите голови на Антонио на патот до финалето