Во првото коло тројца македонски тенисери го завршија настапот откако денеска ги загубија мечевите на стартот од главниот турнир. Обрад Марковски одигра меч во два сета кои му припаднаа на Србинот Лазар Војновиќ. Тој мечот го доби со 2-0 (63 64) за 110 минути игра. Првиот сет му припадна на Војновиќ кој почна добро и поведе со 4:0 и тоа се покажа како недостижна предност. Во вториот сет Марковски имаше водство од 4:2 во гемови, но потоа следуваше серија од четири гема на Војновиќ, кој го доби и мечот. Инаку, Марковски успеа да спаси и четири меч топки.

Првото коло беше единствено и за македонските млади тенисери. Амар Хусеиновиќ загуби од Украинецот Тимур Биелдиугин со 2-0 во сетови (61 62) за 1 час и 14 минути. Марко Стоилковски совои пет гема во мечот против Лука Петровиќ од Велика Британија со 2-0 (64 61).

Од македонските тенисери во тек е мечот на Бесир Дургути со Русинот Давуд Амиров, додека подоцна следуваат мечевите на Берк Бугариќ против Романецот Нини Дица и на Калин Ивановски против Тибо Колсон.

Секако и дуелот на македонските тенисери Томислав Јотовски и Горазд Србљак.

Од мечевите во првото коло Хрватот Вито Тонејц го победи Бразилецот Вилсон Леите со 2-0 (63 75), додека Тоби Мартин од Велика Британија направи изненадување со победата над вториот носител Антоан Оанг од Франција. Мечот го доби си 2-1 во сетови (64 36 63).

фото: Игор Паневски