Пред нас е второто клупско европско финале, овојпат во Конференциската Лига меѓу Фиорентина и Вест Хем.

Пред големото финале главниот стратег на „виолетовите“, Винченцо Италијано изјави дека во Прага се дојдени да се борат да го освојат трофејот.

„Голем број на емоции со само стигнување во Прага.
По 14 долги натпревари, конечно стигнавме овде. Ќе се бориме за шанса да го подигнеме трофејот.
Ова беше тежок пат, но многу сме горди на можноста до која заслужено дојдовме.
Вест Хем е одличен тим со играчи од висок калибар низ целиот терен.
Сигурен сум дека ќе играме најдобро и ќе биде голема борба помеѓу две одлични екипи“,
изјави тренерот на Фиорентина.

Фудбалските „гурмани“ ќе уживаат во уште едно финале, вечерва од 21 часот на „Фортуна Арена“ дуелот помеѓу Фиорентина и Вест Хем.