Шампионката од Мелбурн и втора фаворитка за трофејот на Роланд Гарос, Арина Сабаленка е втората тенисерка што обезбеди пласман на Гренд слемот во Париз. 

Белорусинката во четвртфиналниот меч против Елена Свитолина од Украина што траеше 1 час и 38 минути, со идентични 6-4 ги доби двата сета и се обезбеди место во полуфиналето. 

Во него Сабаленка за противничка ќе ја има чешката тенисерка Каролина Мухова кој со 2:0 ја совлада Анастасија Павличенкова од Русија. 

Утре ќе го дознаеме и вториот полуфинални пар кај дамите, откако своите четвртфинални мечеви ќе ги одиграат топ фаворитката Ига Швјонтек од Полска кој за противничка ќе ја има Американката Коко Гоф, односно искусната Онс Џабер од Тунис, која ќе игра против Бразилката, Беатриз Хадад Маја.