Каролина Мухова е првата тенисерка што се пласира во полуфиналето на Ролан Гарос. 

Чешката тенисерка не дозволи изненадување, па во четвртфиналето ја совлада Русинката, Анастасија Пављученкова која е дури на 333-тото место на ВТА листата. 

Иако првиот сет беше израмнет, а Мухова го доби со 7:5 сепак во вториот беше далеку подобра па на противничката и препушти само два гема (6:2).

Мухова сега го чека исходот од второто четврт-финале во кое играат втората фаворитка Белорусинката Арина Сабаленка и Украинката, Елина Свитолина.