Македонскиот тенисер Стефан Мицов не успеа да се пласира во главниот турнир на фјучрсот Скопје М25 откако во финалето од квалификациите загуби од Романецот Нини Габриел Дица со 2-0 во сетови (64 и 60). Мечот траеше 77 минути.

Мицов добро го почна мечот и поведе со 3:0 во гемови во првиот сет, но потоа противникот го најави пресвртот во мечот откако успеа да изедначи на 3:3. Мицов поведе и со 4:3, но потоа следуваше нова серија на Дица од три гема за 6:4 во првиот сет. Во вториот противникот имаше целосна контрола и го доби сетот со 6:0 со што обезбеди пласман на главниот турнир.

Од другите финални мечеви во квалификациите:
Тимур Биелдиугин – Христос Кеисидис 7:6(2) 2:6 10-8
Давуд Амиров – Христос Антонопулос 6:4 6:7(1) 10-4
Ален Бил – Вељко Крстиќ 6:4 6:2
Доминик Граф – Кристиан Фелин 6:2 3:6 11-9
Лука Петровиќ – Рихард Антони 6:0 6:3
Ханс Алберт Шуберт – Стефанос Сцинас 6:3 6:4

Заврши и првиот меч од првото коло од главмиот турнир третиот носител Саша Жимар Вајенбург го совлада Гркот Јоанис Ксилас со 2-0 во сетови (60 62).