На терените на ТК Југ денеска се одиграа мечевите од првата квалификациона рунда на фјучрс турнрот Скопје 25. Тоа беа мечеви на македонски тенисери кои играа меѓусебе. Стефан Мицов, Марио Тодоровски и Андреј Тасевски се тројцата тенисери кои утре ќе играат во второто коло од квалификациите.

Резултати на македонски играчи во првото коло од квалификациите:

Стефан Мицов (2, носител) – Борјан Стефановски 61 61

Дарко Колевски – Идс Ватерболк (Холандија) 76(2) 46 6-10

Андреј Саздовски – Марио Тодоровски 61 16 6-10

Давид Шаврески – Ричард Антони (Германија) 06 06

Андреј Тасевски – Петар Пројковски 62 60

Филип Атанасовски – Умберто Мариа Џиованини (Италија) 26 06

Михаил Кусески – Доминик Граф (9, Германија) 26 46

Утре на теренот број 5 се мечевите на македонските тенисери:

Стефан Мицов – Лазар Даниќ (Србија)

Марио Тодоровски – Стефанос Сцинас (4, Грција)

Андреј Тасевски – Лука Петровиќ (15, Велика Британија)

Првиот меч на македонските тенисери нема да почне пред 11.30 часот, а потоа следуваат и мечевите на другите играчи.

Утре ќе се играат вкупно 16 мечеви од второто квалификациско коло, а стратот на мечевите е во 10 часот и ќе се играат на четири терени.

Од македонските тенисери и Томислав Јотовски ќе биде дел од главниот турнир, а ждрепката за главниот костур ќе биде утре во попладневните часови.