Македонскиот кошаркар Адем Мекиќ, сезонава ја завршува со титула. Тој заедно со својата екипа КК Задар ја завршија финалната серија освладувајќи ја екипата на КК Сплит со 3-0 во серијата. Инаку, Мекиќ сезоната ја почна во македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром, а потоа беше дел и од романската екипа Темишвар. 

Во финалната серија Задар постигна две победи на теренот на Сплит 85:76 и 94:84 по продолжение, додека третата решавачка победа Задар ја постигна вечерва пред 9.000 гледачи во салата „Крешимир Ќосиќ“ совладувајќи го лутиот ривал со 99:62.

Мекиќ на првиот дуел од финалето постигна 5 поени, на вториот реализираше 9 исто колку и вечерва 9. Инаку, во рамки на македонските првенства Мекиќ има освоено пет шампионски титули.

Инаку, за Задар ова е 4.та титула првак на Хрватска по 2005, 2008 и 2021.