Завршницата во машката М16 кошаркарска лига ќе се игра викендов, во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во  Скопје.

Првото полуфинале, кое ќе се игра на 3.јуни (сабота), во кое ќе играат екипите на Водно Санс и Баскет Кам од Македонска Каменица, е закажано за 11.часот.

Во вториот полуфинален дуел од 13.30. часот, за место во финалето ќе разигруваат МКК Куманово и домаќинот, екипата на Феникс 2010.

Во недела на програмата се дуелите за пласман, а како и за останатите така и за оваа генерација, покрај медалите и пехарите, КФМ предвиде и парични награди.

Натпреварите може да ги гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.

ФИНАЛЕН ТУРНИР – М16 ЛИГА МАЖИ
ПОЛУФИНАЛЕ (сабота)
11.00  Водно Санс – Баскет Кам
13.30  МКК Куманово – Феникс
НАТПРЕВАРИ ЗА ПЛАСМАН (недела)
11.00  За трето место
13.30  Финале