Француското фудбалско првенство, популарната Лига 1, завршува вечерва со натпреварите од последното 38-мо коло што ќе се играат сите во терминот од 21 часот.

Париз Сен Жермен веќе ја обезбеди новата шампионска титула. Покрај „Светците“ во Лигата на шампионите Франција следната сезона ќе ја претставуваат екипите на Ленс и Олимпик Марсеј.

Но, кои екипи ќе игра во Лига Европа и Конференциската лига, уште не се знае.

Најголеми шанси има Лил кој е на 4.место со бод предност од Рен и Монако, а воедно во последната рунда му гостува на веќе отпишаниот Троа.

Во комбинација е Олимпик Лион, кои заостанува три бода, па ќе зависи и од исходите на своите конкуренти.

На, дното на табелата. Покрај Троа, лигата ќе ја напуштат Ајачио и Анже, додека кој ќе биде четвртиот тим останува да видиме.

Навидум во предност е Оксер кој има два бода повеќе од Нант, но игра против второ пласираниот Ленс, додека составот на Нант го пречекува последно пласираниот Анже.

Која ќе биде разврската останува да ги сочекаме исходите од натпреварите што ќе започнат во 21 часот.