Поројниот дожд околу 15 часот направи проблеми со термините на денешната програма на Челинџер 75 турнирот Macedonian Open 2023, па така од осумте мечеви во сингл завршија шест, додека продолженитео на другите два е закажано за утре од 10 часот. Истотака беа одложени и мечевите во конкуренција на двојки кои требаше да се играат денеска и сите се префрлени за утре. Настап требаше да имаат и македонските тенисери во конкуренција на двојки Калин Ивановски  и Берг Бугариќ.

Поразените во мечевите од второто коло ќе освојат по седум поени.

Резултати од второ коло (завршени мечеви):

Евгениј Донској (2,носител Русија) – Дино Прижмиќ (Хрватска) 64 36 62

Драгош Мадарас (4, Шведска) – Стивен Диез (Канада) 63 36 63

Франциско Комесана (5, Аргентина) – Џиовани Фонио (Италија) 76(6) 62

Александер Веис (Италија) – Роман Буручага (6, Аргентина) 64 60

Оливер Крафорд (САД) Макс Хулес (Холандија) 64 62

Џерар Кампана Ли (КОреја) – Нермин Фатиќ (БиХ) 76(1) 46 62

Резултати на прекинатите мечеви:

Азиз Дугаз (1, Тунис) – Филип Јиану (Романија) 63 20

Мате Валкуж (Унгарија) – Сумит Нагал (Индија) 75 00